Достапни линкови

Македонија го испраќа Глигоров


Граѓаните му одаваат почит на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров пред седиштето на СДСМ во Скопје.
Граѓаните му одаваат почит на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров пред седиштето на СДСМ во Скопје.

Првиот претседател на самостојна Македонија, Киро Глигоров ќе биде погребан денеска во Алејата на Великаните на градските гробишта во Бутел во 13 часот.

Владата го прогласи денешниот ден за ден на жалост во чест на Глигоров. Погребот ќе биде извршен во најтесниот круг на семејството, според желбата на Глигоров, кој почина завчера на 94-годишна возраст во неговиот дом. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип, а функцијата ја извршуваше од 27 јануари 1991 година до 19 ноември 1999 година.
Постојат начини да се ефектуира , или преку запишување во книгата на жалоста или на некое место за кое граѓаните, народот смета дека е битно во неговиот живот, да се дојде на тоа место и да се изрази сочуство до семејството и да му се одаде почит или пак од една дистанца народот да биде присутен.
Нано Ружин, професор и поранешен дипломат.

Владата побара, доколку се согласи неговото семејство, да се организира погребот со највисоки државни и воени почести, но соопшти дека ќе ја почитуваат секоја одлука на семејството Глигорови сочувствувајќи со нивната загуба, болка и тага.

Поранешниот дипломат Нано Ружин вели дека во досегашната историја повеќе важни личности во својот аманет оставиле дека сакаат да бидат погребани во најтесниот круг на семејството и нивната желба треба да се почитува.

„Факт е дека Киро Глигоров остави голема трага во поновата историја на Република​Македонија и дека неговата
Комеморативна седница во седиштето на СДСМ по повод смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров
Комеморативна седница во седиштето на СДСМ по повод смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров
желба треба да се респектира, односно целата процедура и протокол да биде рализиран на тој начин во рамките на семејството.“

Но, според Ружин, бидејќи Глигоров во земјава и надвор уживаше голем респект, има и други начини како да му се одаде признание за неговото дело.
Киро Глигоров ќе биде запаметен како еден од ретките политичари и државници од овие простори кој знаеше да ги препознае, застапува и брани интересите на својата нација, а притоа и успешно да го избегне екстремниот национализам.
Стипе Месиќ, поранешен претседател на Хрватска.

„Постојат начини да се ефектуира или преку запишување во книгата на жалоста или на некое место за кое граѓаните, народот смета дека е битно во неговиот живот, да се дојде на тоа место и да се изрази сочуство до семејството и да му се одаде почит или пак од една дистанца народот да биде присутен.“

По повод смртта на Глигоров се одржаа комеморативни седници во седиштето на СДСМ и во Собранието. На Бихаќка е отворена и книга на жалост во која ќе можат да се потпишат сите граѓани.

Телеграми со соочуство до семејството испратија лидерите на најголемите политички партии од земјава и претседателот
Ѓорѓе Иванов.

Телеграми пристигнаа и од регионот. Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ пишува:

„Големиот придонес на претседателот Глигоров во сите подрачја на неговото политичко делување, особено во демократските промени и мирната трансформација на македонското општество, остава длабок траг во поновата македонска историја.“
Претседателот Глигоров беше пријател на Соединетите Држави и лидер кој имаше визија за својата земја и се уште служи како пример за Македонија и за регионот.
Телеграма со сочуство од Хилари Клинтон, државен секретар на САД.

Заминувањето на Киро Глигоров е загуба не само за Македонија, туку и за целиот регион, вели поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во неговата телеграма.

„Киро Глигоров ќе биде запаметен како еден од ретките политичари и државници од овие простори кој знаеше да ги препознае, застапува и брани интересите на својата нација, а притоа и успешно да го избегне екстремниот национализам“, вели Месиќ.

Српскиот претседател Борис Тадиќ пак изрази најдлабоко соочуство до претседателот Иванов и до граѓаните на Македонија.

Неговиот колега и пријател, поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан, соопшти дека заминала една од најзначајните фигури на екс-Југославија.

Косовската претседателка Атифете Јахјага напиша дека смртта на првиот претседател на демократска, плурална Република Македонија, кој транзицијата од комунизмот во демократски систем ја направи на мирен начин, претставува загуба за инситуциите и народот на Македонија.

Телеграма со сочуство пристигна и од американската државна секретарка Хилари Клинтон, која оценува дека Глигоров беше патриот и вистински државник.

„Неговата посветеност кон независноста на Македонија доведе до мирна транзиција во 1990-1991, а неговото стабилно лидерство претставуваше инспирација додека Македонија надминуваше огромни тешкотии. Претседателот Глигоров беше пријател на Соединетите Држави и лидер кој имаше визија за својата земја и се уште служи како пример за Македонија и за регионот“, вели Клинтон.

Веста за смртта на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија ја пренесоа и сите светски медиуми. Советот за радиодифузија им препорача на електронските медиуми денеска да ги усогласат програмските содржини согласно со денот на жалост. Пожелно е да не се емитуваат содржини од забавен карактер и доколку е можно да се емитува пристојно меморијално портретирање на починатиот претседател.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG