Човек се самозапали пред хрватската амбасада во Сараево

Илустрација.

Еден маж денеска се полеа со бензин и се самозапали пред зградата на хрватската амбасада во Сараево, потврди Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.

Повредениот 43-годишен маж со возило на брза помош е однесен во болница во Кошево, каде му е пружена помош.

Според првичните информации, огнот му ги зафатил нозете, но се уште со прецизност не може да се каже со какви повреди се здобил.

Полицијата ги утврдува мотивите.