Повеќе од 50 загинати во напади врз шиитите во Ирак

Местото на денешниот бомбашки напад во Насирија.

Повеќе од 50 луѓе загинаа, а најмалку 100 се повредени во напади врз шиитски населби во Ирак. Бомбаш-самоубиец нападнал шиитски верници во градот Насирија на југот на земјата при што загинаа најмалку 30 луѓе, а повеќе од 70 се повредени. Во два напади во шиитски населби во Багдад, пак, загинаа најмалку 23 луѓе, а повеќе од 30 се повредени.

Кризата меѓу мнозинските шиити и сунитите во Ирак се зголеми, кога доминантно шиитската влада на премиерот Нури ал-Малики минатиот месец издаде потерница за апсење на висок сунитски политичар.

Американските сили минатиот месец го напуштија Ирак по 8 години.