Трговскиот дефицит на Македонија во 2011-та над 2,3 милијарди долари

Стоковата размена на Македонија со странство во периодот јануари-ноември минатата година изнесува речиси 10,5 милијарди долари. Извозот бил околу 4,1 милијарди долари, а на увозот околу 6,4 милијарди долари. Трговскиот дефицит е околу 2,3 милијарди долари, објави Државниот завод за статистика.

Македонија најмногу извезувала катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникел, производи од железо и челик (валани производи), облека и преработки од нафта. Најмногу се увезувала платина и легурите на платина, сурова нафта, моторни возила и струја.

Најмногу се извезувало во ЕУ - 60,7 проценти од извозот и во земјите од Западен Балкан - 27,8 проценти. Македонија, пак, најмногу увезувала од ЕУ - 54,5 проценти од увозот, а 26,6 проценти од земјите во развој.

Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Грција, Бугарија и Италија. Размената со тие земји е 44,1 процент од вкупната надворешно-трговска размена.