Киднапиран работник на Црвен крст во Пакистан

Архивска фотографија: Балучистан.

Меѓународниот Црвен крст соопшти дека еден од нивните работници бил киднапиран во градот Куета во немирната провинција Балучистан во југозападен Пакистан. Тие не го кажаа името и националноста на киднапираниот, но локалната полиција вели дека според првичните информации се работи за британски државјанин.