САД ја повикуваат Северна Кореја на воздржаност

Соединетите Држави побарале од Кина да влијае врз Северна Кореја на смирување на тензиите и на воздржаност на новото раководство во Пјонг Јанг. Ова го изјави американскиот помошник државен секретар Курт Кемпбел, кој пристигна во Сеул по посетата на Пекинг. Тој оцени и дека Северна Кореја треба да превземе чекори за подобрување на односите со Јужна Кореја и да ги почитува меѓународните обврски. Инаку, Кемпбел во Сеул, меѓу другото, ја нагласил силната американска подршка за Јужна Кореја. САД имаат 28.500 војници во Јужна Кореја.