Давутоглу на средба со иранскиот претседател Ахмадинеџад

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу пристигна во Техеран на дводневна посета чиј фокус ќе биде нуклеарната програма на Иран и ситуацијата во Сирија.
Давутоглу веќе се сретна со неговиот ирански колега Али Акбар Салехи. Но никакви информации за средбата не беа објавени.
Давутоглу денеска ќе се сретне и со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.