Ријалот расте во однос на доларот

Иранската национална валута, ријалот, денеска расте по достигнувањето на рекордно ниското ниво во однос на американскиот долар. Растот доаѓа по коментарите на Гувернерот на Централната банка на Иран Махмуд Бахмани кој рече дека „психолошките ефекти“ од новите американски санкции се делумна причина за девалвацијата и најави дека земјата може да ги покачи каматите за да го стабилизира пазарот.