Иран удри по независните кина

Логото на иранскиот Дом на киното.

Иранскиот министер за култура Мохамед Хосеини изјави дека властите наредиле затворање на независниот Дом на киното. Тој рече дека неговото министерство утврдило дека институтот за промоција на филмот, кој работи 20 години, нема правна основа за постоење. Уметниците велат дека Домот се затвора од политички причини. Иранскиот Дом на киното беше постојана мета на критики од радикалите зашто има либерални ставови.