Сирија обвини дека САД се мешаат во работите на Арапската лига

Антивладини протести во градот Идлиб во Сирија.

Сирија ги обвини САД дека се мешаат во работите на Арапската лига. Портпаролот на сириското Министерство за надворешни работи Џихад Макдиси изјави дека САД сакаат повторно да ги разгорат насилствата во земјата, како што се обидоа да го интернационализираат сирискиот проблем.

Овие забелешки доаѓаат откако Стејт департментот соопшти дека помошник државниот секретар за Блискиот Исток, Џефри Фелтман ќе патува во Каиро на консултации со Арапската лига.

Мировните набљудувачи од Арапската лига пристигнаа во Сирија да утврдат дали земјата се придржува до мировниот план на Лигата за окончување на насилствата во земјата.