САД се за доделување кандидатски статус на Србија за членство во ЕУ

Aмериканскиот помошник-државен секретар Филип Рикер.

САД целосно го поддржуваат доделувањето на кандидатски статус на Србија за членство во ЕУ, изјави денеска американскиот помошник-државен секретар Филип Рикер.

Тој истакна дека, од американска гледна точка, по седницата на Советот на ЕУ во декември минатата година, „Србија има добра можност да продолжи да работи на себе“.

Американскиот помошник државен секретар додаде дека „и Црна Гора добила сигнал да продолжи со досегашната работа“, но и дека „Косово исто така добило јасна европска перспектива“.