Сарачини - Струјата нема да поевтини, граѓаните да штедат

Министерот за економија Валон Сарачини.

Струјата нема да поевтини, граѓаните да се научат да штедат, порача министерот за економија Ваљон Сарачини. Тој вели дека производството на електрична енергија е се поскапо, а цената на струјата ќе се зголемува.

„Со поефикасно затоплување, поефикасна изолација и поефикасно осветлување може да заштедиме од 20 до 40 проценти од трошоците за енергија, а државата може да заштеди околу 700 гигавати-часови“, посочи Сарачини.

Министерството за економија за годинава има одвоено шест милиони денари за субвенции за сончеви колектори. Оваа активност ќе почне да се реализира од февруари и за разлика од лани, како што најавуваат, изборот ќе биде потранспарентен.