Сингапур: помали плати за функционерите

Премиерот на Сингапур Ли Хсиен Лунг

На највисоките функционери на Сингапур значително ќе им бидат намалени платите. Владата соочена со големото незадоволство во земјата поради високите плати на јавните службеници предложи годишната плата на премиерот и на министрите да се намали за 36 насто и би изнесувала околу милион и 700 илјади американски долари. Намалувањето на годишната плата на шефот на државата би било за 50 насто и тој би примал околу милион ипол долари. Високите плати во владата се објаснуваат со настојувањето да се спречи корупцијата меѓу министрите. Американскиот претседател Барак Обама годишно заработува 400 илјади долари.