Во Ајова победи Мит Ромни

Мит Ромни

Во првото гласање за избор на републикански кандидат кој ќе се соочи со Барак Обама на изборите во ноември, што вчера се одржа во Ајова победи поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни. Тој за само осум гласови го победи поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум. По пребројувањето на гласовите на партиското гласање во Ајова, на трето место се најде конгресменот од Тексас Рон Пол. Се смета дека Ромни постигнал одличен резултат, бидејќи Ајова со претежно конзервативно население не спаѓа во посилните упоришта на поранешниот гувернер на либералниот Масачусетс. Во идниот вторник сличо изјаснување ќе се одржи и во Њу Хемпшир.