Шефот на турската дипломатија во посета на Иран

Ахмет Давутоглу и Али Акбар Салехи

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска ќе го посети Техеран, каде што со шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи ќе разговара за иранската нуклеарна програма и за ситуацијата во Ирак и Сирија. Оваа посета на Давотоглу, како што соопшти турското МНР, е во рамките на редовните разговори меѓу двајца министри, но доаѓа во клучно време за регионот и односите меѓу двете регионални сили.