Втор ден гласање на изборите во Египет

жена го брца прстот во боја откако го даде својот глас на парламентарните избори во Египет

Денеска продолжува гласањето за парламентарните избори во Египет во девет провинции каде живеат околу 15 милиони гласачи. Партијата на Муслиманското братство за слобода и правда води по бројот на освоени гласови во втората од предвидените три рунди на гласаење. Од политичката партија соопштија дека нема да го искористат досегашниот успех во текот на гласањето за наметнување на нов устав и ветија дека ќе соработуваат со другите политички партии во подготовката на нацрт - документот.