Судири меѓу фракции на либиските бунтовници

Либија.

Две фракции од либиските бунтовници кои се бореа против режимот на Гадафи денеска се судриле меѓу себе во центарот на Триполи при што наводно имало пет жртви. Поранешните бунтовници од Триполи и друга група бунтовници од Мисрата во судирите употребувале автоматско оружје, рачни ракетни фрлачи и противавионски топови. До судирите дошло зашто борците од Триполи за Нова година уапсиле борец од Мисрата, кој бил осомничен за грабежи. Неговите соборци денеска се обиделе да го ослободат.