Комеморативни седници за Киро Глигоров во Штип

Киро Глигоров, прв претседател на независна Македонија.

Општина Штип денеска одржа комеморативна седница за животот и делото на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, кој е роден во тој град на 3 мај 1917 година.

Претседателот на Советот на Општина Штип, Сузана Николовска истакна дека замина уште еден великан на македонскиот народ.

Градоначалникот на Штип Зоран Алексов истакна дека Киро Глигоров е еден од најголемите политичари кои ги имал градот, но и македонската историја. Тој рече дека општината веќе размислува за споменик или биста за Киро Глигоров, која најверојатно ќе биде поставена во неговото родно маало „Стар Конак“.

Комеморативна седница одржа и Општинската организација на Сојузот на борци-Штип.