Жипе бара поостри европски санкции кон Иран

Францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе.

Францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе изјави дека е убеден оти Иран развива нуклеарно оружје и ја повика ЕУ да воведе построги санкции кон Техеран.

Иран вчера тестираше ракети со долг домет во близина на Ормускиот Теснец. Техеран се закани дека ќе го затвори теснецот кој е клучен за меѓународниот транспорт на нафта ако западот ги заостри санкциите.