Книга на жалост за претседателот Глигоров во вилата „Водно“

Комеморативна седница во Собранието на Мaкедонија по повод смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров.

Во претседателската вила „Водно“ е отворена книга на жалост по повод смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров во која први се запишаа претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски.

Пораки со сочувство во отворената книга на жалост напишаа и вицепремиерот Зоран Ставрески, министрите Иво Ивановски, Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров и началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески.

Книгата на жалост во вила „Водно“ е отворена за сите граѓани вечерва до 20 часот и утре од 8 до 12 часот. Книги на жалост по повод смртта на претседателот Глигоров се отворени и во народните канцеларии во Скопје и Тетово.