Во Лос Анџелос е уапсен Германец осомничен за 50 пожари

Градоначалникот на Лос Анџелес Антонио Вилараигоса.

Полицијата во Лос Анџелос уапси германски граѓанин во врска со над 50 подметнати пожари во подрачјето на Холивуд за време на Нова година. Станува збор за 24-годишниот Хари Букхарт кој е обвинет за пожарите. Штетата се проценува на 3 милиони долари.

Меѓу другите била оштетена и куќата на починатиот фронтмен на Дорс, Џим Морисон, во која тој во 1968 ја напиша песната „Love Street“.