Грција - штрајк на фармацевтите и лекарите

Aтина, декември - архива

Аптеките во Грција се затворени до четврток поради штрајкот на фармацевтите, кои штрајкуваат веќе неколку денови, а во штрајк стапија и лекарите кои го изразуваат своето незадоволство од реформите во здравството.
Фармацевтите се незадоволни од плановите на Владата за намалување на цените на лековите, а ,исто така, бараат и да им бидат исплатени стотици илјади евра, кои им ги должат осигурителните компании.
Лекарите од државните болници во Грција исто така се незадоволни од реформите во здравството. Тие за време на штрајкот ќе бидат на работните места, но ќе примаат само итни случаи.