Трета рунда избори во Египет

Во Египет започна третата финална рунда од изборите за долниот дом на Парламентот. Ова се први избори од остранувањето од власта на Претседателот Хосни Мубарак. Се гласа во 9 провинции, мегу кои и во регионите на југот каде има многу и христијански гласачи, потоа делтата на Нил и Синај.
Во првите два круга најголем дел од местата во парламентот ги добија исламските групи како Муслиманското братсво и Ал Ноур.
По овие избори ке се гласа и за горниот дом на Парламентот. Целиот изборен процес треба да заврши во Февруари.