Последна фаза на парламентарните избори во Египет

Денеска во Египет ќе биде одржана третата и последна фаза од парламентарните избори. За долниот дом на парламентот ќе се гласа во девет покраини. Во досегашните две фази исламистички партии, меѓу кои Муслиманското братство и Ал Нур, освоија најголем број од пратеничките мандати.
Посматрачите соопштија дека првите две рунди минале главно без нерегуларности и заплашувања, но периодот пред третата фаза беше обележен со насилства и судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите кои бараа побрзо повлекување на воениот совет од власта. Во последните немири во декември загинаа 17 лица.