Клинтон: Глигоров беше патриот и вистински државник

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изрази длабоко сочувство по повод смртта на, како што се наведува во нејзината телеграма, првиот претседател на Република Македонија. Оценувајќи дека Киро Глигоров беше патриот и вистински државник Клинтон во телеграмата наведува: ,,Неговата посветеност кон независноста на Македонија доведе до мирна транзиција во 1990-1991, а неговото стабилно лидерство претставуваше инспирација додека Македонија надминуваше огромни тешкотии. Претседателот Глигоров беше пријател на Соединетите држави и лидер кој имаше визија за својата земја и се уште служи како пример за Македонија и за регионот. Моите мисли и молитви се со неговото семејство и сите граѓани на Македонија.,,