Аман: средба на израелски и палестински преговарачи

Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат

Денеска во Аман, главниот град на Јордан, ќе се сретнат израелски и палестински преговарачи во обид да заживеат мировните разговори кои се блокирани повеќе од една година. Средбата на Јицак Молчо и на Саеб Ерекат се одржува истовремено со состанокот на преставници на меѓународниот Квартет за Блискиот исток- Европската Унија, Русија, ОН и САД. На оваа сесија се очекува да присуствува и пратеникот на оваа четворка, поранешниот британски премиер Тони Блер.