Ријалот паѓа поради економските санкции против Иран

Иранската државна валута, ријалот, достигна рекордно ниско ниво во однос на американскиот долар, неколку дена од почетокот на новите американски економски санкции поради спорната нуклеарна програма на Техеран. Според некои извори, вредноста на ријалот денеска паднала за уште 12 отсто во однос на доларот. Американскиот претседател Барак Обама во саботата го потпиша законот за воведување нови санкции насочени кон финансискиот сектор и Централната банка на Иран.