Вељаноски - Глигоров ја одбележа првата деценија од независноста на Македонија

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски испрати телеграма со сочувство до семејството на на поранешниот претседател Киро Глигоров, кој почина синоќа.

„Дозволете ми во овие тажни мигови да потсетам дека Киро Глигоров беше личноста која несомнено одигра клучна улога периодот кога Република Македонија ја остваруваше и етаблираше својата независност“, стои во телеграмата.

Во своите два претседателски мандата, првиот кој го доби во македонското Собрание и вториот на изборите во 1994 година, покрај пресудната улога во етаблирањето на нашата независност, како што се наведува, Киро Глигоров даде значаен придонес во зачувувањето на мирот и стабилноста во земјата и регионот.

„Во овој момент на загуба и длабока тага, воедно да истакнам дека Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, беше личноста кој со својата политичка конструктивност, кредибилитет и со својата стабилност ја одбележа првата деценија од независноста на Република Македонија. Нека му е вечна слава!“, стои во телеграмата на Вељаноски.