Тадиќ упати телеграма со сочувство по повод смртта на Глигоров

Претседателот на Србија Борис Тадиќ.

Претседателот на Србија Борис Тадиќ упати телеграма со сочувство до македонскиот претседател Ѓорге Иванов по повод смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија.

„Вам и на граѓаните на Македонија Ви изразувам најдлабоко сочувство по повод смртта на претседателот Глигоров“, се вели во телеграмата од претседателот Тадиќ до неговиот македонски колега Иванов.