Штрајк на грчките лекари и фармацевти

Грчките лекари и фармацевти денеска стапија во повеќедневен штрајк поради планираните реформи во здравството и намалувањето на малопродажните цени на лековите, на сметка на профитот на фармацевтите. Лекарите ќе бидат на своите работни места, но ќе превземаат само итни случаи.