Израелско - палестински разговори во Јордан

Израелско палестински преговори - архива

Денеска во Јордан треба да се состанат делегации на Израел и на палестинската власт на разговори за можностите за обнова на мировните преговори.
Во Јордан, според најавите ќе биде одржан и состанок на Квартетот за Блискиот Исток: ЕУ, САД, ОН и Русија. Денешниот израелско - палестински дијалог е неформален.
Државниот секретар на САД Хилари Клинтон ја поздрави оваа средба како чекор кон мирот велејки дека статус квото во регионот не е одржлива ситуација.