Градоначалникот го даруваше првороденото бебе во 2012

Mајката Ружица Јовановска со ќеркичката Меланија, првото родено бебе во 2012 година.

Првороденто бебе во 2012-та ќе се вика Меланија. Бебето доби 20 илјади денари и други подароци од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. Затоа што Меланија е трето дете на мајката Ружица Јовановска, министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и врачи решение за остварување право за паричен додаток што следува за трето живородено дете.

Градоначалникот Трајановски рече дека очекува и оваа година да биде успешна како и лани кога, исто така, првороденото бебе беше девојче.

На 1 јануари 2012 до 14 часот на Клиниката за гинекологија и акушерство се родени 11 бебиња - пет женски и шест машки, соопшти директорот на оваа клиника Саша Јовчевски. Околу 12 и 30 е родена и прва тројка во 2012 - три машки новороденчиња.