Ирачкиот премиер прогласи „Ден на Ирак“

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики го прогласи денешниот ден за „Ден на Ирак“ да го означи крајот на договорот што им овозможуваше на американските сили да останат во земјата. Според договорот, американските сили до денеска требаше целосно да ја напуштат земјата, иако тие веќе се повлекоа на 18 декември.