Пожарот во руската нуклеарна подморница, ставен под контрола

Руските власти соопштија дека пожарот што ја зафати руската нуклеарна подморница на северот на Русија, бил ставен под контрола, а 7-мина членови на екипажот биле пренесени во болница. Според руското министерство за одбрана, немало радио-активна опасност. Нуклеарната подморница Екатеринбург вчера се запали додека беше на поправка во бродоградилиште во областа Мурманск.