Остри казни за хулиганот од Амстердам

Netherlands), 3 - 0, Moscow, 17Mar2011

Навивачот на Ајакс, кој на куп натпреварот со Алкмар упадна на теренот и го нападна голманот, е осуден на 4 месеци затвор. Ајакс му забрани на навивачот влез на стадионот во наредните 30 години, а судот му нареди и во наредните две години да се јавува во полиција кога играат Ајакс, Алкмар или репрезентацијата на Холандија.
Инаку, натпреварот Ајакс – Алкмар, по инцидентот со навивачот беше прекинат, а фудбалската федерација на Холандија донесе одлука да се одигра повторно на 19-ти јануари, пред празни трибини.