Тимошенко префрлена во затвор за жени

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која е осудена на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба, денеска била префрлена во затвор за жени во местото Харкив, јавија украинските агенции. Според истиот извор, Тиможенко била одведена во количка, бидејки не можела да оди. Соединетите Држави и Европската Унија бараат нејзино ослободување бидејки сметаат дека станува збор за политички мотивиран процес.