Десет авганистански полицајци убиени во експлозија на бомба

Десет авганистански полицајци се убиени во јужната провинција Хелманд кога нивниотавтомобил со кој патувале бил погоден од бомба поставена покрај патот. Во меѓувреме НАТО соопшти дека човек кој носел авганистанска армиска униформа убил двајца претстaвници на НАТО во источен Авганистан.Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот во кој цел биле француските трупи во провинцијата Каписа.