Пожар избувнал на руска нуклеарна подморница во Мурманск

Пожар избувнал на руската нуклеарна подморница Екатеринбург на бродоградилиштето во Мурманск.

Пожар избувнал на руска нуклеарна подморница на која се изведувале поправки во бродоградилиштето Мурманск во Арктичкото Море, соопштија властите. Порптаролот на руската северна флота Вадим Серга изјави дека прво се запалиле дрвени структури на бродоградилиштето, а потоа пожарот се проширил на надворешниот дел од подморницата Екатеринбург. Властите велат дека никој не бил повреден и дека нивото на радијација во пристаништето е нормално.