Турција потврди дека убила 35 цивили наместо терористи

Локалното население во провинцијата Сирнак се собира околу телата на убиените во авионскиот напад на турската армија.

Турските власти потврдија дека 35-те луѓе што беа убиени ноќеска во воздушен напад биле цивили. Портпаролот на владејачката партија Хусеин Челик изјави дека жртвите „не биле терористи“, туку луѓе што шверцувале стока во Турција од Ирак.

Тој рече дека се истражува можната разузнавачка грешка што довела до нападите. Челик изрази жалење за жртвите и најави дека владата ќе ги обесштети нивните семејства.

Претходно, властите соопштија дека турски воени авиони нападнале осомничени милитанти во курдската област во југоисточна Турција во близина на границата со Ирак.