Узбекистан ќе зготви 4,7 тони пилаф за Гинисова книга

Илустрација: Подготвување пилаф.

Узбекистанските готвачи ќе се обидат да зготват најголема количина пилаф и да влезат во Гинисовата книга на рекорди, објави државната телевизија. Се планира да се зготват 4,7 тони од ова узбекистанско национално јадење. Во обидот за поставување рекорд што треба да се одржи наредните месеци ќе бидат поканети готвачи од целата земја. Пилаф се прави од ориз, што се вари со зеленчук и најчесто со јагнешко месо.