Најмалку 11 загинати во воздушен напад во Турција

Најмалку 11 курдски селани изутрината загинале при напад на турската авијација во селото Ортасу, Југоисточна Турција, изјави локален претставник на прокурдската Партија за мир и демократија. Од друга страна, прокурдската информативна агенција Фирар јави дека при нападот врз селото кое се наоѓа во близина на границата со Ирак загинале 28 луѓе. Локалните безбедносни сили го потврдија нападот, но не прецизираа колку луѓе загиинале.