САД: Потребно е време за Арапската лига да ја оствари целта во Сирија

набљудувачите на Арапската лига во Хомс

Соединетите американски држави сметаат дека мисијата на Арапската лига во Сирија треба да добие време за да ја оствари целта. Портпарол на Стејт департментот дополни дека на набљудувачите им е потребен пристап до сите конфликтни подрачја. Набљудувачите веќе два дена се во градот Хомс. Активистите, од друга страна, тврдат дека за време на интервенцијата на Лигата, сиријските власти убиле шеесетмина, по што следеше критика и од Франција од каде излезе тврдењето дека со интервенцијата не се спречило крвопролевањето. Од Стејт департментот се надеваат дека со интервенцијата ќе се спречат немирите кои почнаа пред девет месеци поради незадоволство од владеењето на претседателот Башар ал Асад. Според проценките на Обединетите нации 5,000 луѓе загинале во судирите.