Меморијална церемонија за Ким Џонг Ил

Меморијална церемонија се одржа денеска во Северна Кореа по смртта на лидерот Ким Џонг Ил, еден ден откако неговиот син и наследник на лидерската позиција Ким Џонг Ун ја предводеше погребалната церемонија во Пјонгјанг, на која присуствуваа илјадници жители на комунистичката земја. На денешниот настан присуствуваа 100.000 луѓе, меѓу кои и високорангирани владини службеници и воени функционери. Церемонијата се одржа на централниот плоштад во главниот град.