Зимскиот распуст од 1 до 20 јануари

Основците и средношколците ќе бидат на зимски распуст од 1 до 20 јануари.

На крајот на оваа учебна година ќе биде спроведена само државната матура, зашто МОН и оваа година го одложи есктерното тестирање - проект со кој треба да се оценува објективноста на наставниците преку проверка на знаењето на сите ученици во основно и во средно. Одлагањето е поради електронскиот систем за спроведување на тестирањето кој е се уште во подготовка. Неговата функционалност ќе се провери на пробно екстерно тестирање.