Прекината истрагата против Милорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Специјалното обвинителство на Република Српска ја прекина истрагата против претседателот Милорад Додик и неговите соработници, кои Обвинителството на БиХ ги осомничи за злоупотреба на службената положба во врска со изградбата на автопатот Бања Лука-Градишка, административниот центар на Владата на Република Српска и РТВ Домот.

Како што јавува државната телевизија на Република Српска, обвинителството во вторникот наложи прекинување на истрагата против Додик затоа што заклучи дека нема дозволно докази.

Истрагата е прекината и против Младен Лазендиќ, Недељко Чубриловиќ, Фатима Фатибеговиќ, Миленко Дакиќ, Алексансдар Џомбиќ и Драган Давидовиќ.