Претседателот Иванов помилува затвореници за Нова година

Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов помилува 41 осуденици по повод новогодишните празници. Од Кабинетот на претседателот информираат дека 12 се ослободуваат целосно, а 29 делумно од натамошно извршување на казната затвор.