Мешовит тим ќе ги испитува силувањата во средното училиште во Драчево

Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски.

Мешовит тим формиран од претставници од Министерствата за труд и социјала и за образование ќе го испитува последниот случај на сексуално злоставување на деца во средното ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Драчево. Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски рече дека мешовитиот тим ќе ја даде целокупната психосоцијална поддршка којашто е потребна за децата кои биле жртви на злоупотребувањето.