Кинеската нафтена компанија ќе произведува нафта во Авганистан

Провинцијата Сар-е Пул.

Авганистанската влада потпиша договор за развој на нафтени наоѓалишта со кинеската национална нафтена корпорација, проект што се очекува да му донесе на Кабул околу 7 милијарди долари во наредните 25 години.

Договорот предвидува кинеската компанија да добие права да дучење и рафинерија во западните провинции Сар-е Пул и Фарџаб. Ова е прв меѓународен договор за производство на нафта на Кабул во последните неколку децении.

Авганистанските власти соопштија дека се очекува кинеската опрема и ексепрти да почнат да доаѓаат за еден месец, а работите да започнат во октомври 2012 година.