Намалување на правата за социјално осигурување

Macedonia - Macedonian Parliament - 01Feb2011

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка. Измените предвидуваат досегашниот лимит од 132 илјади денари за да може некое невработено лице да ги користи правата за социјално осигурување, да се намали на околу 96 илјади денари. Според пратеничката група на СДСМ, со измените се скратуваат дел од правата на невработените лица, а со одлагање на намалувањето на стапката за социјални придонеси ќе се отежни работењето на претпријатијата од реалниот сектор.