Белградската ВМА ги негира гласините дека Тадиќ е болен

Српскиот претседател Борис Тадиќ на средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 16 декември 2011 година.

Белградската Воено-медицинска академија (ВМА) денеска објави извештај за здравствената состојба на српскиот претседател Борис Тадиќ, во кој се посочува дека тој е во „целосна добра и стабилна општа состојба“.

Објавувањето на извештајот на ВМА следи по информациите што ги објави хрватскиот неделник Национал дека Тадиќ е тешко болен и дека „му се дијагностицирани тешки заболувања“.

Новинарите минатата недела го запрашаа Тадиќ зошто изгледа лошо, на што тој одговори дека не е болен, туку дека многу работи и дека „така лошо ќе изгледа и во иднина“, пишува Национал.